Линкови за пристапност

Приведена жената која се качи на Статуата на слободата во Њујорк


45-годишната Тереза Окому учествувала во протести против американската имиграциона политика

Жената, која вчера за Денот на независноста на САД, се качи на постаментот на Статуата на слободата во Њујорк, во знак на протест на раздвојувањето деца имигранти од нивните родители, денес треба да се соочи со обвинение во Федералниот суд во Њујорк.

45-годишната Тереза Окому од Стејтен Ајленд, Њујорк, била задржана од Федералното биро за затвори, објави „Вол стрит џурнал“.

Организацијата на активисти „Рајс енд резист“, на нејзиниот Фејсбук профил, напиша дека жената учествувала во протести против американската имиграциона политика.

Организацијата соопшти дека е во процес на обезбедување правна репрезентација за Окому, која наводно била родена и образована во Демократската Република Конго, а во САД живеела изминатава деценија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG