Линкови за пристапност

Историјата на годишното обраќање на претседателот на САД за состојбата на нацијата


Џорџ Вашингтон на 8-ми јануари, 1790 година е првиот претседател којшто се обратил до нацијата. Неговиот говор наводно се состоел од само 883 збора, што е најкратко обраќање во историјата на САД.

Зошто претседателите на САД имаат обраќање за состојбата на нацијата?

Уставот на САД бара од претседателот „одвреме навреме да го извести Конгресот за состојбата на нацијата, да даде препораки и свои размислувања “ член 2, дел 3, точка 1.

Каде и кога се одржува обраќањето?

Обраќањето се одржува во Конгресот пред членовите на Претставничкиот дом, Сенатот, Врховниот суд, членовите на владата, дипломатскиот кор и Генералштабот.

Конгресот со рамноправна резолуција го одлучува денот и времето на заедничката седница за претседателот да ги изнесе своите коментари. До 1934-та година, „годишната порака“ како што била нарекувана порано, се доставувала секој декември. Оттогаш наваму обраќањето се одржува во јануари или февруари.

Кој го одржа првото обраќање за состојбата на нацијата?

Џорџ Вашингтон на 8-ми јануари, 1790 година. Неговиот говор наводно се состоел од само 883 збора, што е најкратко обраќање во историјата на САД.

Дали секогаш обраќањето е директно, во лице?

Не. Во 1801 година, Томас Џеферсон испратил писмени копии од неговото прво обраќање до двата дома на Конгресот за да бидат прочитани од сите службеници. Праксата за испраќање на писмени копии до Конгресот продолжила повеќе од еден век. Вудроу Вилсон ја обновил практиката на лично обраќање во 1913-та година.

Како развојот на технологијата го смени начинот на пренесување на обраќањето?

Келвин Кулиџ го направи првиот радио пренос на обраќањето во 1923 година. Првото телевизиско обраќање беше во 1947 година од страна на Хари Труман. Во 2002 година говорот на Џорџ Буш влезе во историјата како прво обраќање кое беше достапно да се следи во живо на Интернет.

Реакција на опозицијата на обраќањето на претседателот

Првата официјална телевизиска реакција од страна на опозицијата за годишното обраќањето на претседателот беше во 1966-та година. Од 1982 година стана вообичаено за опозициската партија, обично членовите на Конгресот, да дадат одговор.

Кога започна традицијата за поканување специјални гости?

Роналд Реган беше првиот претседател кој покани специјални гости да седат покрај првата дама и да бидат препознаени за време на обраќањето, во 1982 година. Оваа година специјални гости ќе бидат бегалец од Сирија и поранешен војник во американската армија, по религија муслиман.

Што е „назначено преживеано лице“?

Назначено лице има за време на секое обраќање на претседателот за состојбата на нацијата. Обично тоа е член на кабинетот на претседателот, кој ќе ја преземе претседателската функција во случај на катастрофа. Преживеаното лице, чиј идентитет се чува во тајност, се бира неколку недели пред обраќањето на претседателот. На денот на обраќањето, лицето се носи на тајна локација и е под обезбедување се додека претседателот не се врати во Белата куќа и останатите лидери си заминат од Конгресот.

XS
SM
MD
LG