Државниот секретар Рекс Тилерсон и неговиот руски колега Сергеј Лавров, „се согласија да продолжат да работат кон изнаоѓање дипломатско решение за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров“, се вели во соопштение на американскиот Стејт департмент.
Во него стои и дека двајцата министри имале телефонски разговор во вторникот, а во фокусот била нуклеарната програма на Северна Кореја. И Тилерсон и Лавров притоа биле децидни дека ниту САД, ниту Русија не го прифаќаат Пјонгјанг како нуклеарна сила.
Претходно, рускиот шеф на дипломатија, на Тилерсон му порачал дека „агресивната политика на Вашингтон“ ги интензивирала тензиите на Корејскиот Полуостров и дека таквата реторика е неприфатлива.
Во меѓувреме, американскиот Оддел за финансии обелодени дека вовел санкции врз двајца севернокорејски функционери, заради, како што вели, нивната улога во програмата за балистички проектили на Пјонгјанг.
Facebook Forum