Линкови за пристапност

Помпео: Слободата на печатот е клучен дел на демократското владеење

Соопштение на Стејт департментот по повод Меѓународниот ден на слобода на медиумите

„По повод 25-та годишнина од Светскиот ден на слобода на печатот, ја обновуваме нашата определба за промоција и заштита на oваа слобода, што е клучен столб на демократијата.

САД ја вреднуваат слободата на печатот, како клучна компонента на демократското владеење. Преку поттикнување на слободен печат, граѓаните се поинформирани, активни и ангажирани во донесување на одлуки во политиката. Истовремено, можат и подобро да ги сметаат своите влади за одговорни.

Денес, им оддаваме признание на бројните новинари и медиумски работници, кои ги посветиле своите животи, честопати изложувајќи се на голем ризик, за промоција на транспарентноста и одговорноста ширум светот“, се вели во соопштението од Канцеларијата на државниот секретар на САД Мајк Помпео, по повод Меѓународниот ден на слобода на медиумите.

This item is part of

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG