Линкови за пристапност

Недостига поддршка за жени во бизнис во Северна Македонија


Вал Јусуфи за жените во бизнисот во Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:59 0:00

Интервју со менаџерката Вал Јусуфи, која деновиве е во САД на обука за лидерски вештини во организација на Стејт департмент

Се` уште нема доволно поддршка жените во Северна Македонија да се остварат во бизнис заедницата, вели Вал Јусуфи, една од 19 млади менаџерки, која деновиве е во САД на обука за лидерски вештини во организација на Стејт департментот и организацијата „Форчн најуспешни жени“, која ги обединува највлијателните жени во бизнисот.

„Има многу талентирани претприемачки кои немаат финансиска поддршка, бидејќи банките не поддржуваат мали бизниси, особено оние предводени од жени. Недостига поддршка од општеството, понекогаш и од семејството. Постои притисок дека жените треба да раѓаат деца и тоа да биде фокусот“, вели Јусуфи.

Овие проблеми кои, вели таа, ги делат речиси сите жени во светот, независно дали се од Северна Македонија, Русија или од Африка, ја инспирирале да се докаже како млада менаџерка во образовниот сектор, што, пак, е причина деновиве да биде во друштво на успешни жени од непрофитни организации и владини агенции во САД.

„Целта на оваа програма е жените од општества во развој да се стекнат со напредни бизнис вештини, да направат нови контакти и да се инспирираат да направат повеќе во нивните заедници“, открива таа.

Јусуфи од денес е во Њујорк, каде десет дена ќе работи под менторство на две успешни менаџерки. Од нив очекува да научи како да направи позитивна промена дома, а истовремено сака да покаже дека Северна Македонија има талент и огромен потенцијал.

„Кога ќе се вратам дома сакам да ги пренесам стекнатите бизнис вештини на млади жени. Ова не сум го правела досега, и ќе ми биде предизвик“, рече Јусуфи.

Иако е тука само неколку дена, веќе има идеи за идни проекти.

„Минатата година доделивме 70 стипендии за студенти кои имаат проблем да се социјализираат, а оваа програма во САД уште повеќе ме охрабрува кога ќе се вратам да продолжам со подобрување на условите во тој дел“, најави Јусуфи.

А таква можност таа гледа многу брзо, по завршување на програмата следниот месец.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG