„Соединетите Американски Држави се длабоко загрижени по одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов за аболиција на лица коишто се предмет на истрага, а во врска со скандалот за прислушување. Доколку оваа одлука биде имплементирана, тоа ќе значи заштита за корумпираните официјални претставници, како и порекнување на правдата за македонскиот народ. Воедно, тоа ќе значи натамошно подривање на владеењето на правото во Македонија, интегритетот на македонските правни институции и кредибилитетот на лидерската определба спрема фундаменталните вредности на НАТО и ЕУ.
Како пријател на Македонија, САД упатуваат силен повик до претседателот Иванов, да ја преиспита својата одлука и да дозволи Специјалното Јавно Обвинителство, формирано како дел од Договорот од Пржино, да ги истражи сериозните наводи за владините незаконски дела, и да дозволи судовите да ја вршат својата работа. Исто така, ја охрабруваме актуелната Влада и политичките партии, да продолжат да работат на спроведување на реформите коишто ќе ги зајакнат демократските институции и ќе ја вратат Македонија на патот кон кредибилни избори и евро-атлантска интеграција“, се наведува во соопштението на Стејт депарментот.