Линкови за пристапност

Стејт департмент: Подготовките за избори да не се избрзуваат


Претставник на Стејт департментот коментира за најновите случувања во Македонија, на барање на Гласот на Америка на македонски јазик

„Продолжуваме да ги поддржуваме напорите на Македонија за евро-атлантска интеграција. Во неделата, на 21-ви февруари, Соединетите Американски Држави и Европската Унија, до Владата на Македонија ја доставија заедничката оценка околу подготовките за одржување на веродостојни парламентарни избори. Во оценката се наведува дека во моментов не постојат услови за одржување на веродостојни избори на 24-ти април. Главната точка на таа оценка е дека на Државната изборна комисија и` е потребно дополнително време да ги изврши своите работни задачи.

Подготовките за изборите не треба да се избрзуваат. Ги охрабруваме законодавците да ја земат предвид вчерашната оценка и да ја разгледаат можноста за одредување на друг датум за избори. Иако времето е кратко, се` уште има време лидерите да реагираат пред закажаното распуштање на Парламентот на 24-ти февруари, за да се обезбеди дека условите за одржување на веродостојни избори ќе бидат исполнети.

САД, во координација со ЕУ, ќе продолжат да ги поддржуваат подготовките за избори, особено работата на Државната изборна комисија, како и потребата од итни реформи во медиумската сфера и пошироко“, се наведува во писмената изјава на американскиот Стејт департмент по повод актуелните случувања во Македонија.

XS
SM
MD
LG