Линкови за пристапност

Напредок во слободата на медиумите, но, насилството врз новинарите останува


Стејт департментот го објави најновиот годишен извештај за човекови права

Владата презела чекори да истражи, обвини и казни официјални лица што направиле злоупотреби, се вели за Северна Македонија во најновиот извештај за човекови права на Стејт департментот, кој заблежува и високо ниво на корупција.

Согласно извештајот, Владата или нејзините агенти не извршиле деспотски или незаконски убиства.

„Државните затвори и притвори не успеале да ги имплементираат меѓународните стандарди во некои случаи, согласно извештајот за превенција од тортура на Советот на европската комисија од октомври 2017-та година, во кој условите би можеле да се опишат како сурови, нехуамни и деградирачки“, се вели во извештајот, во кој се нагласува дека затворите и натаму се соочуваат со недостиг на финансии, нессодветна обука на полициски офицери и корупција.

Извештајот нотира дека Народниот правобранител открил оти истрагите на властите во врска со обвинувањата за несоодветен третман и злоупотреба на затворениците генерално биле неефикасни.

„Во повеќето случаи судовите се придржуваат до законите и процедурите за притворање. Оваа година бројот на наредби за притворање опаднал значајно споредбено со минатите години. Во повеќето случаи, на барање и на Јавното и на Специјалното обвинителство, судот одредил превентивни мерки наместо притвор за осомничените“, стои во годишниот извештај.

Меѓу забелешките се наведува и дека судството генерално го почитува правото за фер судење.

„Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ тврди дека обвиненијата против 33 лица, вклучувајќи и членови на Парламентот, биле политички мотивирани. Нема доказ дека Владата одбила пристап до овие притивреници од хуманитарните организации и од групи за човекови права“, се нагласува во извештајот, согласно кој Владата направила прогрес во почитување на слободата на медиумите и слободата на изразување, иако проблемите како слаба медиумска независност, насилство и заплашување на новинари остануваат.

„Има некои извештаи дека Владата ги принудила новинарите на автоцензура. Европската комисија, во извештај од 17-ти април, забележува дека нема напредок во заштитата на работните услови на новинарите, како резултат на што тие се` уште практикуваат автоцензура“, вели Стејт департментот во најновиот извештај.

Генерално, извештајот забележува и убиства, недостиг на слобода на изразување и рестрикции за политичко учество во Венецуела, екстремно влошени човекови права во Иран, истакнувајќи ја Кина како „лига за себе“ во прекршување на човековите права.

Државниот секретар на САД Мајк Помпео рече дека администрацијата размислува за воведување санкции против кинеските официјални лица одговорни за непочитување на човековите права.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG