Линкови за пристапност

Нуланд: Достоинствено, практично и взаемно прифатливо


Викторија Нуланд
Викторија Нуланд

Македонија и соседите да продолжат да трагаат по такво решение за тековните спорови, што е можно побргу, коментираше портпаролката на Стејт департментот.

„Конкретно во однос на македонската ситуација, веруваме дека Македонија и нејзините соседи треба да продолжат да трагаат по достоинствено, практично и взаемно прифатливо решение за тековните спорови, што е можно побргу, за да се отворат тие врати“, изјави портпаролката на Стејт департментот Викторија Нуланд на новинарско прашање за вчерашната одлука на Советот на министрите на ЕУ во која не беше прецизиран датум за почеток на преговорите за членство, како и за ставовите на Грција и Бугарија за прашањето.

„САД посекако остануваат посветени да им помогнат на сите оние земји кои имаат европски аспирации, оние кои сакаат да се приклучат на НАТО, оние кои сакаат да се приклучат на ЕУ. Очигледно, ние не сме членки на ЕУ, така што останува на ЕУ да донесува одлуки за членството“, рече Нуланд на редовниот прес-брифинг.
XS
SM
MD
LG