Минатата година ја дефинирале страдања и злоупотреба за преголем број на луѓе, според денес објавениот редовен годишен извештај на Стејт департментот за човековите права.
Претставувајќи го документот, државниот секретар Џон Кери кажа дека терористичките организации, експлоатирајќи го верскиот дискурс и поделбите за да ја шират својата тоталитарна идеологија, или владите како онаа во Сирија, понекогаш настапувајќи во име на борбата против тероризмот, се одговорни за страдања и злоупотребувањето на луѓето.
Но, Кери рече дека и покрај сево ова, човековата аспирација за политичка слобода и чесното владеење без злоупотреби и натаму се силни, така што денес, ширум светот, повеќе луѓе од кога и да е порано ги избрале своите водачи на конкурентни избори.