Во категоријата на држави каде ситуацијата е „особено загрижувачка“ се и Кина, Еритреја, Иран, Северна Кореја, Судан, Саудиска Арабија, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан.
Согласно Законот за меѓународна верска слобода од 1998-та година, државниот секретар секоја година посочува на владите коишто се ангажирани во, или толерираат, прекршувања на слободата на верско изразување. На многу места низ целиот свет, вели американскиот Стејт департмент, луѓето се прогонувани или затворани, само затоа што го практикуваат правото на слобода на религијата или ги изразуваат нивните верувања.
Facebook Forum