Кинеските власти го стопираа обновувањето на медиумски легитимации за странските новинари кои работат за американски медиуми во Кина.
Ова е најнов потег во рамки на санкциите, кои Пекинг и Вашингтон ги воведуваат меѓусебе, а кои се поврзани со економските и дипломатски проблеми.
Новинарите, кои неодамна аплицирале за обновување на нивните легитимации на една година, добиле привремени беџови, како и нова виза која трае само два месеца.
Си-ен-ен потврди дека нејзин новинар е афектиран од оваа мерка, додека Њујорк тајмс објави дека се афектирани и новинари на Вол стрит џурнал и на компанијата Гети, која обезбедува дигитални фотографии за медиумски организации низ цел свет.
Портпаролката на Стејт департментот Морган Ортагус, објави соопштение во кое се вели дека Стејт департментот е „загрижен оти овие мерки ќе ја влошат средината за известување во Кина“.
Facebook Forum