Линкови за пристапност

Американскиот Стејт департмент го честита националниот празник на Македонија


Американскиот Стејт департмент го честита националниот празник на Македонија

Писменото соопштение се осврнува и на определбата на САД за промовирање на македонското членство во НАТО и во Европската унија

Во името на Претседателот Обама и народот на САД, му го честитам Денот на независноста 8 септември на народот на Македонија. Вака ја започнува изјавата државната секретарка Хилари Клинтон по повод денешниот празник на Македонија.

По овој повод, ги реафирмираме врските меѓу нашите држави и однапред се радуваме на продлабочувањето на нашето партнерство во наредните години, се вели натаму во документот издаден од американскиот Стејт департмент.

Писменото соопштение се осврнува и на определбата на САД за промовирање на македонското членство во НАТО и во Европската унија, кои „ќе продолжат да помагаат во зајакнувањето на македонските мултиетнички и демократски институции во соработка со македонските лидери и граѓанско општество“.

Клинтон му посакува на народот на Македонија безбеден и весел празник, придружувајќи се на славењето на 19-те години независност.

XS
SM
MD
LG