Американската компанија за кафе „Старбакс“ соопшти дека на 29-ти мај привремено ќе затвори 8.000 свои објекти за да ги обучи вработените за расни предрасуди, во обид да спречи акти на дискриминација.
Објавата дојде на неколку денови по апсењето на двајца Афро-американци кои седеле во продавница на „Старбакс“ во Филаделфија.
Извршниот директор на компанијата лично им се извини на двајцата приведени, а менаџерката на кафетеријата каде се случи инцидентот, е отпуштена од работа.
Facebook Forum