Линкови за пристапност

Старбакс се откажува од пластичните сламки


Мерката треба да се реализира во период од две години

Познатиот синџир продавници за кафе „Старбакс“, во наредниве две години ќе прекине да нуди пластични сламки во сите негови локации, повикувајќи се на опасност по животната средина за океаните.

Ова е најголема компанија за храна и пијалаци што се решава на чекорот, по интензивирањето на повиците за намалување на отпадот на глобално ниво.

Компанијата, со седиште во Сиетл, денеска соопшти дека до 2020-та година, ќе користи сламки од биоразградливи материјали како хартија и специјално дизајнирани капачиња. Старбакс веќе почна со примена на мерката во Сиетл.

Од пластичните сламки веќе се откажаа Форт Мејерс, а слични предлози се најавуваат и во други градови ширум САД, како Њујорк и Сан Франциско.

(Асошиетед прес)

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG