Старбакс најави дека секој е добредојден да влезе во нивните продавници и да ги користи нивните тоалети, дури и ако не купи ништо, се вели во најновата политика на компанијата, објавена викендов.
Претходно, менаџерите на секоја одделна продавница имаа право да одлучат дали муштериите може да влезат во Старбакс, без да имаат намера да купуваат.
„Посветени сме да создадеме култура на топлина и припадност, каде секој ќе се чувствува добредојден“, изјави Старбакс во соопштението.
Компанијата побара од вработените да ја следат утврдената политика кога се соочуваат со „проблематично однесување“, како и да се јават на 911 во случај на „директна закана или опасност“ за муштериите или вработените
Промените доаѓаат откако неодамна двајца Афроамериканци беа принудени да напуштат продавница на Старбакс во Филаделфија, по што беа упасени, и покрај тоа што и кажале на меначерката на продавницата дека чекале пријател да им се придружи.
Ваквата ситуација предизвика протести и обвинувања за расизам, по што компанијата одлучи да затвори повеќе од 8.000 продавници попладнето на 29-ти мај, за да обезбеди расна обука на вработените.
Двајцата Афроамериканци кои беа упасени во Старбакс склучија договор со компанијата да добијат бесплатно образование.
Тие, исто така, случија договор со градските власти на Филаделфија за симболичен еден долар, и добија ветување за воведување програма од 200.000 долари за млади претприемачи.
Facebook Forum