Линкови за пристапност

Стабилноста на регионот и хибридните закани главни теми на конференцијата на началниците на армиите од јадранската повелба и од САД


Заедничка фотографија од учесниците и гостите на 26. Конференција на началниците на Генералштабови од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5)
Заедничка фотографија од учесниците и гостите на 26. Конференција на началниците на Генералштабови од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5)

Пролонгирањето на евроинтеграциите, од различни причини, практично на сите западно балкански држави, го разниша кредибилитетот на Европската Унија. Бавното темпо на процесот на интеграција во Унијата е една од заканите за демократијата на Балканот, рече Пендаровски во обраќањето.

Воспоставување стабилни односи во регионот, но и кревање на свеста и подготвеноста за колективна одбрана од поголеми закани се главните содржини за кои се разговара на 26. конференција на началниците на Армиите и командата на силите на САД во Европа од земјите-членки на САД-Јадранската повелба (А5) која денеска беше отворена во Скопје.

На отворањето главниот збор го имаше претседателот Стево Пендаровски, кој посочи дека пролонгирањето на евроинтеграциите создаваат опасности за хибридни закани и уривање на стабилноста на регионот.

Бавното темпо на процесот на интеграција во Унијата е една од заканите за демократијата на Балканот, рече претседателот Стево Пендаровски
Бавното темпо на процесот на интеграција во Унијата е една од заканите за демократијата на Балканот, рече претседателот Стево Пендаровски
Пролонгирањето на евроинтеграциите, од различни причини, практично на сите западно балкански држави, го разниша кредибилитетот на Европската Унија
Стево Пендаровски, претседател

„За жал, пролонгирањето на евроинтеграциите, од различни причини, практично на сите западно балкански држави, го разниша кредибилитетот на Европската Унија. Бавното темпо на процесот на интеграција во Унијата е една од заканите за демократијата на Балканот. Повеќе истражувања на јавното мислење покажуваат дека опаѓа поддршката за западно ориентираните организации и земји и за прв пат после три децении, расте поддршката за некои други регионални организации и поинакви модели на управување“, укажа Пендаровски.

Претседателот додаде дека македонската држава ќе продолжи со помош за Украина.

„Ние сме подготвени да продолжиме да помагаме затоа што сметаме дека одбраната на Украина е одбрана на европскиот и меѓународниот поредок заснован на принципи“, рече Пендаровски.

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, најави дека тим од македонската армија ќе замине во Ирак
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, најави дека тим од македонската армија ќе замине во Ирак

Министерката за одбрана, пак, Славјанка Петровска, најави дека во рамките на НАТО соработката, тим од македонската армија ќе замине во Ирак.

„Во финална фаза на подготовка е заедничкиот придонес со Мобилниот тим за обука кој ќе биде упатен на почетокот на ноември во двонеделна мисија во НАТО Мисијата во Ирак со мандат за поддршка на обуката на Ирачката армија. Палетата на идеи и проекти за соработка продолжува и во рамки на развојот на одбранбените способности во рамки на НАТО процесот на одбранбено планирање“, рече Петровска.

Министерката зборуваше и за војната во Украина, посочувајќи на новите форми на закани и војување.

„Оваа војна придонесе да се променат и доктринарниот и концептуален пристап во војувањето денес, а и во иднина. Позната ни е и улогата која ја имаат хибридното војување, дезинформациите и современите технологии на бојното поле. Тоа се предизвици на кои сите ние заедно треба да одговориме час поскоро“, укажа Петровска.

Генерал Васко Ѓурчиновски, Началник на генералштабот на македонската армија
Генерал Васко Ѓурчиновски, Началник на генералштабот на македонската армија

Началникот на генералштабот на македонската армија, Генерал Васко Ѓурчиновски, посочи дека Јадранската иницијатива А5 е еден од најуспешните и најефикасните регионални настани за справување со заедничките безбедносни и одбранбени предизвици.

„Заедно, развивме механизам за поддршка на взаемните безбедносни и одбранбени цели. Заедно развивме механизам за поддршка на нашите членки и партнерски земји во нивните амбиции и напори за интеграција. Со нашите партнери од US EUCOM, ние постојано ги идентификуваме современите безбедносни предизвици и работиме на заеднички пристапи и соодветни одговори“, рече Ѓурчиновски.

Генерал Кристофер Каволи, Командант на врховната сојузничка команда на НАТО за Европа и на командата на силите на САД во Европа
Генерал Кристофер Каволи, Командант на врховната сојузничка команда на НАТО за Европа и на командата на силите на САД во Европа

На присутните им се обрати и Командантот на врховната сојузничка команда на НАТО за Европа и на командата на силите на САД во Европа, генерал, Кристофер Каволи. Тој во својот говор посочи дека случувањата во Украина се предупредување за потребата од постојана подготвеност за заедничка одбрана.

„Инвазијата нè потсетува дека е потребно да работиме на безбедноста секој ден и случувањата кои се случуваат во овој регион ни покажува дека сите мора да придонесуваме на стабилноста секојдневно“, рече генералот Каволи.

На конференцијата ќе се разговара за актуелните безбедносни предизвици и закани во информациското опкружување, а попладне се очекува потпишување заедничка изјава за засилена меѓусебна воена соработка и за одржување и зајакнување на безбедноста во регионот.

US-Adriatic charter A5 / Конференција на началниците на Генералштабови од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5)
US-Adriatic charter A5 / Конференција на началниците на Генералштабови од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5)

На конферецијата, покрај началникот на Генералштабот, Васко Ѓурчиновски како домаќин и командантот на командата на Армијата на САД за Европа, генерал, Кристофер Каволи, учествуваат началниците на армиите на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, како и високли воени претставници од Здружената команда на НАТО од Неапол и од командата на САД за Европа.

Како набљудувачи на конференцијата присуствуваат и воени претставници од Словенија и од Косово.

US-Adriatic charter A5 / Конференција на началниците на Генералштабови од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5)
US-Adriatic charter A5 / Конференција на началниците на Генералштабови од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5)

Договорот за формирање на САД-Јадранската повелба, официјално е потпишан во 2003 година, со која САД како покровител, ги вклучува Северна Македонија, Албанија и Хрватска се обврзаа низ институционална рамка да ја развиваат регионалната соработка во областа на одбраната.

Во 2008 година, на оваа иницијатива се приклучија Босна и Херцеговина и Црна Гора, а Србија, Косово и Словенија имаат статус на земји набљудувачи во групата.

XS
SM
MD
LG