Линкови за пристапност

Анализа: Колку сме кибернетски безбедни?


Анализа: Колку сме кибернетски безбедни?
Анализа: Колку сме кибернетски безбедни?

Стакснет е дизајниран да цели на контролни системи на нуклеарни и хемиски централи

Иако иранските претставници велат дека заразените комјутерски системи во Бушер се безбедни, оние кои работат во областа на кибернетската безбедност не се толку сигурни и велат дека нападот отвара врата за закана што до сега беше само теоретска.

Сами Сајџари е претседател и основач на Агенцијата за кибернетска одбрана. Тој вели дека креирањето на овој малициозен софтвер покажува дека луѓето во денешно време се подготвени и имаат капацитет да нападнат индустриски системи.

Експертите велат дека Стакснет е дизајниран да цели на контролни системи како оној во иранската нуклеарна постројка Бушер. Конкретно целта е напад врз главните системи за контрола и чување на податоци дизајнирани од германската компанија Сименс.

Аналитичарите додаваат дека откако ќе најде начин да влезе во контролниот систем на постројката, вирусот едноставно може да ги украде податоците или да направи хаос, што би предизвикал прекин на работата на пумпите за ладење, на пример.

Сами Сајџари вели дека подложноста на електроцентралите на овие вируси, може да претставува огромна загриженост, но подвлекува дека заканата не е ограничена само на нуклерни и електрични централи. Мошне се загрозени и фабрики за хемиски материјали.

Засега се чини дека вирусот има најголем успех во Иран каде според најновите истражувања, инфицирани се преку 60.000 компјутери. Овој податок и фактот дека се работи за мошне софистициран напад, наведува на идејата дека само држава, не поединец можно е да стојат зад него. Како две можни држави се споменуваат САД и Израел, со капацитет и политички мотив да изведат напад од ваков вид.

Сепак, одредени експерти за кибернетска и технолошка безбедност наведуваат дека се` уште е рано за конечна проценка.

Повеќето аналитичари се согласни дека засега е јасно само дека комјутерскиот вирус Стакснет е способен да предизвика сериозна закана за индустриските контролни системи, како и тоа дека операторите и владите ширум светот треба да сторат повеќе за подобрување на безбедноста на ова поле.

XS
SM
MD
LG