Линкови за пристапност

Срушен иранскиот конзулат во Дамаск при израелски воздушен напад


Нападот може да сигнализира натамошна израелска ескалација во нападот на иранските воени личности, но Израел рече дека нема коментар за извештаите за нападот во Дамаск
Нападот може да сигнализира натамошна израелска ескалација во нападот на иранските воени личности, но Израел рече дека нема коментар за извештаите за нападот во Дамаск

Во израелски воздушен напад во понеделникот беше срамнет конзулатот на Иран во сирискиот главен град Дамаск, при што загинале неколку луѓе, вклучително и висок ирански командант, објавија сириските и иранските медиуми.

Нападот може да сигнализира натамошна израелска ескалација во нападот на иранските воени личности, но Израел рече дека нема коментар за извештаите за нападот во Дамаск.

Во нападот загинал иранскиот воен советник, генерал Али Реза Захди, според иранската државна телевизија на арапски јазик Ал-Алам и панарапската телевизија.

Иранскиот амбасадор Хосеин Акбари го осуди Израел за нападот, велејќи дека седум лица загинале, иако спасувачките екипи сè уште трагаат по други тела под урнатините.

Акбари вети одмазда за нападот „со исти интинзитет и суровост“.

Израел изврши неколку стотици напади врз цели во делови на Сирија под контрола на владата во последните години.

Но, бројката ескалира во последните месеци за време на речиси шестмесечната војна меѓу Израел и Хамас во Газа и периодичните судири меѓу израелската војска и борците на Хезболах долж границата меѓу Либан и Израел.

Во израелски воздушен напад во населба во Дамаск во декември беше убиен долгогодишниот советник на иранската паравоена Револуционерна гарда во Сирија.

Во сличен напад врз зграда во Дамаск во јануари загинаа најмалку пет ирански советници.

Минатата недела во воздушните напади над стратешката источна сириска провинција во близина на границата со Ирак загина ирански советник.

Дел од информациите во текстот се од Асошиетед прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG