Линкови за пристапност

Хаг: Пресуда во корист на жртвите во Сребреница


Хаг: Пресуда во корист на жртвите во Сребреница
Хаг: Пресуда во корист на жртвите во Сребреница

Холанскиот мировен корпус не сторил доволно за заштита на населението

Апелациониот суд во Холандија пресуди дека оваа земја е одговорна за смртта на тројца босански муслимани за време на масакрот во Сребреница во 1995-та година. Судот наведува дека холанскиот мировен корпус со мандат на ОН кои го обезбедувале регионот во тој период, не сториле доволно за да го заштитат населението.

Судот вели дека холандските сили, цитираме, „ги предале тие мажи“ на босанско-српската армија.

Апелациониот суд и` нареди на холандската влада да ги компензира семејствата на жртвите. Сумата на компензацијата не е објавена.

XS
SM
MD
LG