Линкови за пристапност

Обама вели дека се консултира со други нации за шпионирање


На прес конференција во Стокхолм, Шведска, Обама призна дека технолошкиот напредок отворил шанси за злоупотреба.

Претседателот Барак Обама вели дека САД се консултираат со нации од Европската унија и други држави во врска со тајните американски програми за набљудување, за да се спречи „шпионирањето да стане премногу наметливо.“

На прес конференција во Стокхолм, Шведска, Обама призна дека технолошкиот напредок отворил шанси за злоупотреба.

Американскиот лидер, прв претседател во посета на Шведска, кажа дека фокусот на американското шпионирање во меѓународни рамки имало за цел заштита на главните американски интереси, вклучувајќи контра-тероризам, контрола на оружјето за масовно уништување и кибернетска безбедност, а не шпионирање на поединци кои не се поврзани со ваква загриженост.

Естензивниот опфат на американските шпионски програми изведувани од Агенцијата за национална безбедност стана јавно познато последниве месеци благодарение на американскиот разузнавачки соработник Едвард Сноуден, кој сега живее во егзил, во Русија.
XS
SM
MD
LG