Раководителот на американската Национална агенција за безбедност (НСА) најверојатно ќе се соочи со тешки прашања за владината програма на собирање податоци кога ќе се појави пред конгресно тело, во среда.
Генералот Кит Александер пред сенатската Комисија за апропријации доаѓа среде откритието дека неговата агенција собрала имејлови и други информации од Интернет компании преку наречена „Призма“.
Три од најголемите технолошки компании во светот со седиште во САД, Гугл, Фејсбук и Мајкрософт, бараат од администрацијата на Обама да им дозволи да откријат детали на налози од федерален суд во врска со предавање информации за нивни корисници до американски шпионски агенции. Компаниите велат дека сакаат се` да биде транспарентно и отворено.
Едвард Сноуден, поранешен соработник на НСА ја обелодени информацијата за „Призма“ и следењето на НСА на телефонски разговори на весникот Вашингтон пост и весникот Гардијан, со седиште во Британија.