Русија објави дека вработен во американската амбасада, кој се обидел да регрутира руски разузнавачки офицер да работи за ЦИА, е „персона нон грата“ и наредено е негово моментално протерување.
Потегот дојде во вторник откако Федералната безбедносна служба објави дека на кратко привела американски државјанин идентификуван како Рајан Фогл.
Службата кажа дека тој бил вработен како трет секретар во политичкиот оддел на американската амбасада во Москва, но исто така работел за ЦИА. Наводно тој бил фатен со специјална техничка опрема, и опрема за промена на изгледот, голема количина на готовина и писмо до Русинот кој се обидувал да го регрутира.
Руските медиуми цитираат дека писмото му нуди на рускиот разузнавач 100.000 долари за почеток о до еден милиони долари за долгорочна соработка.
САД не реагираа на веста.
Руската новинска агенција Итар-Тас објавила фотографија за која тврди дека е „опремата“ на Фогл изложена на маса, руски географски атлас и перики.
Руските новински агенции исто така објавија, како што велат, од апсењето на Фогл, што покажува човек со лицето на земја и врзани раце.
Во соопштение од вторникот руското Министерство за надворешни работи кажа дека во време кога рускиот и американскиот претседател објавиле подготвеност за проширување на билатералната соработка, такви „провокативни акции во духот на Студената војна на никаков начин не промовираат меѓусебна доверба“.
Руското Министерство за надворешни работи го повика американскиот амбасадор Мајкл МекФол за објаснување по приведувањето на осомничениот агент.