Линкови за пристапност

На Кипар уапсен последниот баран во американско-рускиот шпионски случај


Кипарската полиција вели дека уапсиле Канаѓанец во врска со наводниот руски шпионски прстен провален во САД во неделата со апсење на десетмина осомничени

Кипарската полиција вели дека уапсила Канаѓанец во врска со наводниот руски шпионски прстен провален во САД во неделата со апсење на десетмина осомничени.

Властите велат дека 54-годишниот Кристофер Роберт Мецос бил уапсен на барање на Интерпол во вторникот на аеродром во Никозија, при обид да влезе во авион за Будимпешта.

Во Ерусалим, Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров побара повеќе информации во врска со апсењата. Тој исто така го покрена прашањето за тајмингот, забележувајќи дека акцијата на ФБИ дојде само некој ден по средбата на Барак Обама и Дмитри Медведев во Белата куќа.

Најголем дел од уапсените се обвинети за заговор, а двајца за перење пари, што носи максимална казна од пет, односно 20 години затвор.

XS
SM
MD
LG