Руското Министерство за надворешни работи вели дека наводите за руска шпионска мрежа во САД се „неосновани“ и „непристојни“.
Во соопштение објавено во вторник, министерството изрази жалење што апсењето на 10 наводни шпиони во САД доаѓа во време кога претседателот Барак Обама прави обиди за „репрограмирање“ на односите со Москва. Обама беше домаќин на претседателот Дмитри Медведев во Белата куќа само неколку дена пред апсењето.
Десеттемина осомничени, уапсени во неделата во источните држави Њујорк, Њу Џерси, Масачусетс и Вирџинија, во понеделник беа обвинети за дела како неавторизирани агенти на странска влада. Но, двајца од нив беа обвинети и за перење пари.
Единаесетто лице имплицирано во шпионската афера е се` уште на слобода.
Во судските документи, американскиот Оддел за правда обвинетите ги нарекува „илегалци“ кои изведувале долгорочни, тајни задачи во САД за руската разузнавачка агенција СВР. Таму стои дека нивната цел била значително да се американизираат за да можат да собираат информации од американските политички кругови.
Руското Министерство за надворешни работи вели дека наводите за руска шпионска мрежа во САД се „неосновани“ и „непристојни“.