Пролетниот распуст ги наполни плажите на топлото јужно крајбрежје на САД со студенти од колеџите и универзитите. Но, огромниот интерес им задава главоболка на локалните жители и полицијата.
„Нашиот град има седум милји прекрасни чисти песочни плажи. Но, за време на пролетниот одмор малото место стана прегласно“, рече градоначалникот на Мајами Бич, Дан Гелбер. „Луѓето дури и се тепаат. Мислиме дека не е безбедно. Некои од пресметките се како на филм.“
Видео од физичка пресметка помеѓу маж и млада жена во костим за капење се шири на социјалните медиуми. Во трагична несреќа млада жена го загуби животот откако навалувајќи се на прозорецот на автомобил во движење, за да направи селфи, испаднала од возилото. Потоа била прегазена од друг автомобил кој доаѓал од спротивната страна.
Официјалните лица побараа засилување.
„Побаравме асистенција од надворешни агенции во рамките на округот“, објаснува Ернесто Родригез од полицијата на Мајами Бич.
Ресортите во Флорида на сончевото крајбрежје долго 2.172 километри, традиционално привлекуваат многу студенти за време на пролетниот одмор генерирајќи милиони долариприходи секоја година.[[https://twitter.com/MiamiBeachPD/status/1107051318613544965]]
Орди на млади луѓе се приклучуваат на забавите зачинети со многу алкохол, психотропни супстанци и пари.
Мајами Бич потроши повеќе од 100.000 долари за да ја промовира пораката до студентите: „Дојдете на одмор, не заминувајте си на условна казна“.
Криминалот и развратноста генерално значат пијанство и неред. Кога некој е уапсен, тој се носи во притвор, се додека не биде изведен пред судија, веројатно откако ќе преноќи во затворот, објасни Родригез.
„Ние сме град со прекрасни плажи, одлични ресторани и спектакуларни културни настани“, рече градоначалникот на Мајами Бич, Дан Гелбер. „Имате милион начини да го поминете времето одлично без да правите нешто глупаво или нелегално.“
Деветнаесет годишниот Џошуа Каравеј од Џорџија е позитивен пример. Тој беше снимен како ги чисти плажите. Полицијата брзо реагираше и му се заблагодари. [[https://twitter.com/PaulAcostaMBPD/status/1109587689358151681]]
Facebook Forum