Линкови за пристапност

Желбата за спорт е посилна и од вирусот


Пливање и фудбал во Охрид и Струга за време на Ковид-19
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:40 0:00

Стотина дечиња тренираат фудбал и пливање во Охрид и Струга

Наместо на градскиот базен, пливачките школи во Охрид, после забраната за тренинзи поради пандемијата со Ковид 19, продолжија со работа но на Охридското езеро. На импровизирано направено пливалиште, осумдесеттина деца ги учат техниките на пливањето. Пред секое влегување во вода, задолжително е мерење на температура,а децата се подолени во четири групи со цел полесно одржување на физичка дистанца од два метри во вода .Тренерите велат дека желбата за спорт била посилна и од вирусот.

„Одлучивме да не го прекинуваме пливањето во нашиот град. Едноставно децата да има каде да спортуваат, каде да се рекреираат и каде да ги учат тајните на пливањето. Толку сум среќна, што и покрај се ова што се случи, некако успеавме со една прекрасна идеја, повторно да оствариме пливање“,вели Катерина Стојаноска, тренер во пливачки клуб Охридски бранови 2008.

„Се вративме на корените на охридското пливање.Ова порано беше плажа.На ова пристаниште беше учењето на пливање.Се внимава на безбедноста на децата.И кога се наоѓавме во вакво време на пандемија, мерките за работа со деца строго се почитуваат“, вели Ристе Јанкоски, тренер во пливачки клуб Охридски бранови 2008.

На родителите на почетокот на сезоната им беа поделени анкетни прашалници како и изјави со кои се согласуваат дека на сопствена одговорност ги пуштаат своите деца.

„Прво сакаме децата да се среќни иако се вакви условите, какви што се.Многу е важно физичкото и менталното здравје кај децата и кај нас да се одржува“, вели Ружица Томоска, родител.

„Задоволни сме, со оглед на ситуацијата што беше месециве наназад, децата малку физички да се поактивни“, вели Весна Грујоска, родител.

Со работа почнаа и фудбалските школи. Но и овде пред да сеизлезе на терен, задолжително е мерење на температура како и дезинфекција. Иако фудбалот е тимска игра, тренерите велат декасе обидуваат да има што помалку физички контакт помеѓу децата.

„Вежбите се претежно индивидуални, игра со топка, трчање, вежби за снага, вежби за кондиција. Нема многу фудбал, нема игри каде може да се допираат и да има контакт помеѓу нив“, Антонија Блажески, тренер во фудбалскиот клуб Ас Јунајтед-Струга.

Женската екипа на струшкиот клуб Ас Јунајтед се натпреварува во првата македонска фудбалска лига. И тие тренираат според строго утврдени препораки.

„Иако условите малку се отежнати, ние како клуб ги почитуваме препорките на Министерството за здравство и воопшто немаме надворешни контакти, само меѓу нас како екипа.Поголем дел од тренинзите се физички тренинзи, каде ја подигнуваме формата“, Александра Поповска, фудбалерка.

Од клубот велат дека сите фудбалерки пред почетокот на првенството ќе направат тест за Ковид 19.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG