Линкови за пристапност

Според ОН бројот на цивили кои загинале во Украина достигнал до 8.500


Обединетите нации денес соопштија дека бројот на потврдени цивили жртви во Украина по руската инвазија достигна до 8.500, но бројот на жртви најверојатно е повисок.

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН во соопштението рече дека покрај загинатите, околу 14.000 цивили биле повредени.

„Ние веруваме дека вистинските бројки се значително повисоки бидејќи добивањето информации од некои локации каде што се водат интензивни борби е одложено и за многу извештаи сè уште се чека потврда“, соопшти агенцијата. „Ова се однесува, на пример, за Мариупол (во регионот Доњецк), Лисичанск, Попасна и Сиевиеродонецк (во регионот Луганск), каде што има наводи за бројни цивилни жртви.

ОН соопштија дека само во првите девет дена од април потврдени биле 44 загинати цивили, а сите до еден дошле како резултат на таканаречено „експлозивно оружје со ефекти на широк простор“.

Некои материјали во овој извештај се од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG