Линкови за пристапност

Стефанова: СЈО се наоѓа во најтешка состојба од формирањето


Затоа е потребно веднаш да се донесе законот за Јавно обвинителство, за да не се загрозат или прекинат постапките кои се водат во моментов, рече обвинителката на СЈО

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) се наоѓа во најтешјка состојба од основањето па досега, изјави обвителкатата Лиле Стефанова, нагласувајќи дека е потребно веднаш да се донесе законот за Јавно обвинителство, со кое ќе се реши и статусот на СЈО.

„ За да не се загрозат или прекинат постапките кои се водат во моментов во Судот и истрагите“, рече Стефанова.

Таа побара од политичарите да го изгласаат законот, но, и Советот на обвинители да најде решение околу новиот шеф на СЈО.

Стефанова соопшти дека истрагата за „Империја“ е запрена во моментов, и повторно нагласи дека од самиот почеток на работата на СЈО таа се оградувала од шефицата Катица Јанева.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG