Линкови за пристапност

Јавното обвинителство најави дека ќе го разгледа известувањето од Јанева за преземање на предметите од СЈО


Јанева со писмо од притвор, процесот на разговори за СЈО се усложнува
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:53 0:00

Претходно, преку писмена наредба од притвор, специјалната обвинителка во оставка ги овласти обвинителите на СЈО да ги предадат сите предмети во Основното јавно обвинителство

Специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева, преку писмена наредба од притвор, ги овласти обвинителите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да ги предадат сите предмети во Основното јавно обвинителство, независно дали за нив се води судска постапка, истрага или предистрага.

СЈО потврди дека добило писмо од Јанева, но, оти се` уште не е донесена одлука како ќе постапат понатаму

Оттаму најавија дека за ова ќе го информираат републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Јавното обвинителство, пак, соопшти дека судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, денеска му доставил известување од Јанева.

„Во известувањето се наведува дека Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, ги овластува јавните обвинители во тоа Обвинителство кривичните предмети да ги предадат во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Во него, исто така, се наведува дека е примено и известување со барање информации од СЈО, за кое е приложено и доставено полномошно.

„Јавното обвинителство ќе ги разгледа овие поднесоци, по што јавноста ќе биде известена“, извести Обвинителството.

Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ веќе десетина дена е во притвор, а утре во Собранието ќе се одлучува околу нејзиното разрешување.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG