Спанаќот е познат по неговата хранлива вредност, но, еден нов експеримент открива и друга моќ на овој зеленчук.
Научниците велат дека растеле клетки од човековото срце на листови од спанаќ, користејќи ја васкуларната мрежа од растението за транспорт на течности.
Откритието може евентуално да овозможи растење на човековиот срцев мускул, што еден ден би можел да биде искористен за замена на клетките, оштетени при срцеви удари.
„Растенијата и животните користат различни пристапи за пренесување течности, хемикалии и макромолекули, но, се` уште има сличности во нивните васкуларни структури“, велат истражувачи од Висконсинскиот универзитет во Медисон и од Дражвниот универзитет Араканзас во Џоунсборо.
„Овој експеримент отвора нова гранка во науката, што ја истражува мимиката меѓу растенијата и животните“, додаваат тие.
Откритието е важно, бидејќи биоинженерството, како 3Д печатењето, досега не успеа да го замени сложениот систем на крвните садови во човековото тело, за пренесување кислород, хранливи материи и на мулекули, потребни за раст на ткивото.
Facebook Forum