Линкови за пристапност

Пол Рајан е новиот спикер на Претставничкиот дом


Конзервативниот конгресмен од Висконсин доаѓа на местото на Џон Бајнер, кој си заминува од Конгресот по 25-годишна кариера.

Во гласање по партиска линија, мнозинството републиканци во Претставничкиот дом го одбраа 45-годишниот Рајан на највисоката позиција во Конгресот. Како спикер на Претставничкиот дом, автоматски станува еден од најмоќните политичари во САД и втор по ранг по претседателот.

Рајан го заменува Џон Бејнер, конгресменот од Охајо, кој си заминува од Конгресот по 25-годишна кариера, а на функцијата спикер на Претставничкиот дом беше последните пет години. Во неодамнешното емотивно обраќање, Бејнер кажа дека се повлекува „без жалење и без да чувствува товар,“ работејќи на буџетските прашања и за време на последните денови на работа.

Рајан ја превзема оваа должност по 17 години минати во Конгресот и е 54-от по ред спикер. Од поделениот Конгрес, побара време за „заздравување на раните“, додавајќи - „Конгресот е исцрпен. Ние не ги решаваме проблемите, ние додаваме нови на постоечките.“

Рајан гласно кажа дека обичните законодавци ќе имаат поголема улога во начинот на донесување закони.

„Ако имате идеи, кажете ги“ им порача Рајан на законодавците. „Јас верувам дека отвореноста помеѓу нас ќе доведе до меѓусебно разбирање.“

Откако републиканските колеги го избраа на функцијата спикер во средата, Рајан им се обрати со зборовите: „мислам дека земјата се движи во погрешен правец.“

Републиканците мошне често знаеја да ја нападнат политиката поддржана од претседателот Барак Обама, но се залагаа за одобрување на конзервативни предлози за социјални програми и буџетски трошоци, на кои Белата куќа се противеше.

„Имаме задача, овде во Домот на народот, работејќи за народот, да овозможиме оваа земја да продолжи да чекори напред“, рече Рајан.

Рајан има тесни врски со одреднеи фракции од Републиканската партија, иако некои од тврдокорните конзервативци го критикуваа за преговарање со демократите за прашања околу буџетот.

Опозиционите демократи, пак, го критикуваа Рајан за фаворизирање на политиката чија цел е намалување на даноците за најбогатите Американци и скратување на трошоците за здравствено и пензиско осигурување за постарите Американци.

XS
SM
MD
LG