Линкови за пристапност

Историска размена на шпиони меѓу САД и Русија


Американски авион кој ги донел 10-темина руски агенти се паркирал веднаш до рускиот авион во кој се наоѓале четворица Руси, обвинети за шпионажа во корист на САД. Кусо време потоа авионите полетале во непознат правец.

Ова беше најголемата размена на шпиони од крајот на Студената војна. Се случи во Виена, Австрија, во петок, кога беа разменети 14 обвинети шпиони од Русија и САД.

Американски авион кој ги донел 10-темина руски агенти се паркирал веднаш до рускиот авион во кој се наоѓале четворица Руси, обвинети за шпионажа во корист на САД. Кусо време потоа авионите полетале во непознат правец.

Руските агенти беа депортирани од САД доцна во четвртокот откако се изјаснија за виновни за заговор да работат како нерегистрирани странски агенти. Четворицата Руси обвинети за шпионажа во американска корист, беа помилувани од рускиот претседател Дмитриј Медведев пред да бидат испратени во Виена. Најмалку еден од четворицата руски затвореници се изјаснил дека не е виновен по обвиненијата.

Меѓу условите за нивно ослободување десеттемината Руси не смеат никогаш повеќе да се вратат во САД.

Адвокатите на некои од осомничените велат дека нивните клиенти признале дека знаеле оти го кршат законот со живеење во САД под лажни имиња и работејќи рутинска работа за целото време додека собирале информации за руското разузнавање.

Единаесеттиот осомничен исчезнал откако бил ослободен со кауција во Кипар.

XS
SM
MD
LG