Руски новински извештаи велат дека претседателот Дмитри Медведев им дал најголеми државни почести на руските шпиони депортирани од САД порано годинава.
Портпаролката Наталија Тимакова, е цитирана како рекла дека церемонијата се случила во понеделник во Кремљ и ги инволвирала „шпионите кои работеле во САД и се вратиле во Русија во јули“.
Вкупно 11 Руси беа обвинети од американските обвинители кон крајот на јуни заради шпионски активности. Последниот осомничен беше уапсен на Кипар и ослободен со кауција пред да исчезне.
Десетте преостанати осомничени, многу од кои работеле со години во САД како неактивни агенти, беа вратени во Русија по голема размена што донела ослободување на четири лица кои во Русија биле затворени како шпиони.
Церемонијата се случила во понеделник во Кремљ