Американските конгресни лидери постигнаа договор за буџет од 1,3 трилиони долари, што веројатно ќе го спречи третото делумно затворање на владата во петок на полноќ.
Усвојувањето на договорот од двете партии изгледа дека е многу извесно.
Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, рече дека биле направени многу компромиси во предложениот пакет и дека членовите на неговата партија се задоволни.
Предлог-законот, со кој владата би работела до крајот на септември, ќе му даде на Трамп големо зголемување на буџетот за армијата, вклучувајќи и 2,4 отсто зголемување на платите за армискиот персонал.
Предвидени се и 1,6 милијарди долари за физички бариери и 150 километри долг ѕид на границата помеѓу САД и Мексико, што би било 25 милијарди долари помалку од она што Трамп го барал за оваа намена.
Претставничкиот дом се очекува да гласа уште денеска, по што ќе уследи гласање во Сенатот.
Ова е позитивен знак дека двопартискиот напор може да резултира во избегнување на затворањето на владата
ВАШИНГТОН —
Facebook Forum