Линкови за пристапност

Уште еден специјален обвинител?


Уште еден специјален обвинител?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:44 0:00

Дејвид Лабан, претседател на Асоцијацијата на обвинители во Вашингтон, вели дека ваква опција е реална, ако нема соработка меѓу јавниот обвинител и СЈО

Ако и евентуалниот нов јавен обвинител не воспостави добра релација со Специјалното јавно обвинителство, треба да се назначи уште еден специјален обвинител, покрај Катица Јанева, вели Дејвид Лабан, претседател на Асоцијацијата на обвинители во Вашингтон.

Тој го поздрави предлогот за разрешување на Марко Зврлевски, велејќи дека отвора можност за почеток на нова соработка меѓу Јавното и Специјалното обвинителство.

„Клучно е да се види дали канцеларијата на потенцијалниот нов јавен обвинител ќе преземе случаи на СЈО, кои досега не биле откриени. Ако тоа не се случи, ќе биде потребно да се назначи и втор специјален обвинител, што ќе преземе дел од случаите, со цел тие да бидат разрешени во предвидените рамки“, смета Лабан.

Тој очекува на крајот од месецот да биде продолжен мандатот на СЈО за спроведување на истрагите, а предлогот на премиерот Зоран Заев за отворање на Специјалното оддление во Судот, за него има смисла

„Ова е добро, особено кога се водат истраги за комплексни случаи, како политичка корупција“, вели Лабан.

Според него, мандатот не треба да биде ограничен на пет години, туку треба да заврши во моментот кога ќе се затворат сите започнати истраги, и одредени поединци да понесат одговорност.

Лабан повика СЈО да ја зачува незвисноста и по смената на Владата, за да не се случи ниту една политичка партија да го нарекува нејзино Обвинителство.

Американскиот обвинител направи паралела со ситуацијата во САД. Назначувањето на специјалниот обвинител во САД Роберт Мулер, да ја води истрагата за наводното руско мешање во изборите, е добар пример за Македонија, вели Лабан.

„Беше логично во САД да назначиме специјален обвинител, за да имаме една личност и една група која ќе се фокусира да открие дали имало руско мешање во избори, и ако имало, кој тоа го направил. Дојдовме до точка да поставиме специјален обвинител, бидејќи сакавме независност во истрагата“, рече Лабан.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG