Линкови за пристапност

Спасувачите бараат преживеани од земјотресот во урнатините на Мароко


Во земјотресот во петокот загинаа повеќе од 2.400 луѓе
Во земјотресот во петокот загинаа повеќе од 2.400 луѓе

Спасувачите во Мароко во понеделникот трагаа по преостанатите преживеани од силниот земјотрес, бидејќи бројот на загинати се зголеми на најмалку 2.497 луѓе.

Владата соопшти дека тимови за пребарување од Велика Британија, Шпанија, Катар и Обединетите Арапски Емирати се приклучуваат на напорите да копаат низ урнатините во селата во планините Атлас.

Земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди петокот вечерта, при што покрај загинатите беа повредени најмалку 2.476 лица.

Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на 72 километри југозападно од Маракеш.

Обединетите нации процениле дека 300.000 луѓе биле погодени од земјотресот, кој бил најмоќниот што го погодил Мароко во еден век. Спасувачките напори се бавни, а некои Мароканци се пожалија на социјалните мрежи дека владата не дозволува повеќе спасувачи да влезат во земјата за да помогнат.

Американскиот претседател Џо Бајден им рече на новинарите во неделата дека неговата администрација е подготвена да обезбеди каква било неопходна помош за Мароко.

Оние кои останаа без покрив над главата поради уништувањето на земјотресот, трета последователна ноќ во неделата спиеја надвор.

Кралот Мохамед Шести нареди тридневна национална жалост почнувајќи од недела, додека пак знамињата беа спуштени низ целата земја. Армијата мобилизираше специјализирани тимови за пребарување и спасување, а кралот нареди да им се обезбеди вода, храна и засолниште за оние кои ги загубија своите домови.

Кралот повика џамиите ширум кралството да одржат молитви во недела за жртвите, од кои многумина беа погребани во саботата.

Некои информации за оваа содржина дојдоа од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG