Линкови за пристапност

Шпанија бара објаснување од САД за наводното шпионирање


Наводно САД следеле повеќе од 60 милиони телефонски повици во Шпанија само во текот на еден месец.

Шпанија го повика американскиот амбасадор Џејмс Костос да даде објаснување по наводите дека САД следеле повеќе од 60 милиони телефонски повици во Шпанија само во текот на еден месец.

Два шпански весници, Ел Мундо и Ел Паис, во понеделник известија дека тајната американска Агенција за национална безбедност ги следела повиците од 10-ти декември минатата година до 8-ми јануари годинава. Извештаите велат дека САД собирале податоци за должината на повиците, но не и за нивната содржина.

Ел Мундо вели дека шпионирањето исто така вклучило упади во приватни информации преку пребарувачите на Интернет, електронската пошта и социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер.

Извештаите се базирани на некои од големиот број документи протечени од поранешниот соработник на агенцијата Едвард Сноуден, кој доби азил во Русија.
XS
SM
MD
LG