Линкови за пристапност

Дали Русија ја дестабилизира Шпанија?


Шпанските власти предупредуваат интензивирање на руските хакерски напори во Каталонија

Руските хакерски операции за поддршка на независноста на Каталонија продолжуваат и можно е да се интензивираат. Ова се наведува во извештајот на Центарот за стратегиски и одбранбени студии, (CESEDEN), експертско здружение на шпанското Министерство за одбрана, објавен неделава.

Во него се тврди дека Русија ја дестабилизира Шпанија, бидејќи тензиите ескалираат во бунтовничкиот североисточен регион.

„Кремљ ја искористи каталонската криза за дестабилизација на ситуацијата, применувајќи политика чија цел беше да предизвика конфузија во социјалните медиуми“, се додава во извештајот.

Додека шпанскиот премиер Маријано Рахој се надеваше дека изборите што ги свика минатиот месец, ќе ги смири тензиите, тие во регионалниот парламент го вратија мнозинството што се залага за независност. Оваа недела, мнозинството продолжи да му се спротивставува на Мадрид со номинирање на лидерот во егзил Карлес Пуџдемон за претседател.

Сомнежите за руското мешање во Каталонија ги изрази шпанската министерка за одбрана Марија Долорес Коспедал, како и аналитичарите на ЕУ и НАТО. Иако Коспедал не сака да ја обвини Русија директно, таа минатиот ноември рече дека нејзината влада ја анализира ситуацијата.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, ја критикуваше Шпанија дека се обидува „да ја обвини Русија за своите внатрешни слабости“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG