Линкови за пристапност

Шпанија доби нов премиер


На Мариано Рахој парламентот му изгласа недоверба заради корупциски скандал, а на негово место дојде Педро Санчез

Лидерот на опозициските социјалисти, Педро Санчез, ќе ја предводи владата во Шпанија, откако премиерот Маријано Рахој денеска загуби на гласањето за доверба во парламентот.

Ова е прво соборување на еден шпански лидер од парламентот во четири децении демократија.

Санчез ја доби иницијативата за гласање недоверба со 180 гласови „за“, 169 „против“ и еден „воздржан“ во Долниот дом кој има 350 места.

Санчез пред да дојде на позицијата, ќе мора прво да даде заклетва пред шпанскиот крал Фелипе VI.

Тој станува седми премиер на Шпанија по крајот на диктатурата на Франциско Франко во 1970-те.

Рахој беше шест години на премиерска функција. Минатата недела беше обвинет за корупција заедно со поранешни членови на неговата централно-десничарска народна партија.

По гласањето, Рахој се поздрави со Санчез и му ја честита победата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG