Линкови за пристапност

Ширењето на коронавирусот во Шпанија забавува


Министерството за здравство на Шпанија соопшти дека во понеделникот ширењето на коронавирусот во државата продолжи да забавува, посочувајќи дека вонредните мерки што ги донесе владата даваат резултати.

На брифингот за медиумите во Мадрид, министерството објави дека бројот на нови случаи од недела до понеделник изнесувал 4,273, што претставува зголемување за 3 проценти, наспроти дневната стапка на пораст за 22 проценти на 14 март, кога биле воведени итни мерки.

Министерот за здравство, Салвадор Ила, изјави за новинарите дека пандемијата во Шпанија достигнува „врв на кривата“. Тој рече дека владата размислува кога и како да ги укине мерките - како што се самоизолирањето и затворањето на деловните активности.

Ила рече дека ќе има период на транзиција и дека тие мерки постепено ќе се укинуваат, но не изнесе детали.

Премиерот Педро Санчез рече дека мерките за затворање ќе останат на сила до 26 април.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG