Линкови за пристапност

Над 9.000 зарaзени со коронавирус во Шпанија


До денес во оваа држава се регистрирани помалку од 350 смртни слуачи, за разлика од Италија, каде има повеќе од 1.800 мртви

Шпанија е втора најпогодена европска држава од коронавирусот, веднаш зад Италија, јавија тамошните владини претставници, кои воведоа карантин во целата држава, имплементирајќи ги мерките што ги воведе Италија.

Според шпанските здравствени власти, бројот на случаи заразени со коронавирус денес поминал над 9.000, зголемувајќи го процентот од над 35 за време на викендов.

Тамошните власти, пак, велат дека бројот на смртни случаи е намален со тестирањето и итната грижа низ целата држава, и како резултат на помошта на приватните болници и на мобилизирањето на армиските медицински тимови.

До денес во Шпанија се регистрирани помалку од 350 смртни слуачи, за разлика од Италија, каде има повеќе од 1.800 мртви.

Во Италија, бројот на слуачи на коронавирус денес надмина 24.000, што е веднаш зад Кина, каде првпат се појави вирусот.

Премиерот Педро Санчес соопшти дека очекува ваквите мерки да имаат големи последици врз економијата во државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG