Линкови за пристапност

Партиите за независност победија на изборите во Каталонија


Лидерот во егзил вети дека ќе се врати во Барселона

Партиите за независност, освоија апсолутно мнозинство на изборите во шпанскиот регион Каталонија, нанесувајќи и` удар на шпанската влада и премиерот Мариано Рахој.

Изборите беа свикани откако Мадрид ја распушти каталонската влада и уапси неколку сецесионистички лидери кои се обидоа да прогласат независност по спорниот референдум во октомври.

Поддржувачите се собраа да прослават, откако стана јасно дека трите партии кои се залагаат за независност го задржаа мнозинството за две места.

Марта Ровира, генерална секретарка на левичарската партија во Каталонија, која освои 32 места, побара ослободување на притворените лидери кои се залагаат за независност.

Меѓу оние кои се во егзил, е и поранешниот претседател на Каталонија, Карлес Пуџдемонт кој избега во Белгија.

Во говор по изборите тој вети дека ќе се врати во Барселона.

Сепак, резултатот не беше толку решителен колку што многумина се надеваа, а партиите за независност освоија помалку две места отколку на претходните избори во 2015-та година.

За прв пат, про-шпанската партија за единство Граѓани, победи на изборите, но немаше доволно гласови за да формира влада.

Партиите за независност сега ќе се обидат да формираат коалициона влада во Каталонија, а некои партиски водачи велат дека сега имаат мандат да бараат легитимен референдум за независност од Мадрид.

Шпанија и Европа се надеваа дека изборите ќе стават крај на политичката криза, меѓутоа, се чини дека движењето за независност, доби нова сила.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG