Соборениот претседател на Каталонија, Карлес Пуиџдемонт и четворица членови на неговиот кабинет, ќе бидат сослушани зад затворени врати од обвинителите и адвокатите на поранешните каталонски функционери, по барањето за екстрадиција во Шпанија. Таму би се соочиле со обвиненија за бунт и учество во движење за отцепување на регионот.
Претседателот и четворица поранешни министри, избегаа во Брисел минатиот месец, игнорирајќи ги судските покани со образложение дека во Шпанија нема да добијат фер судење.
Првичната судска одлука се очекува за десетина дена.
Поранешниот претседател на Каталонија може се` уште да биде во Белгија, кога Каталонија ќе излезе на гласање на 21-ви декември на предвремените избори распишани од Мадрид со цел да се „стабилизира состојбата“ во најбогатиот регион во Шпанија.
Петочното појавување пред белгиски суд е во врска со потерницата за апсење од издадена од Шпанија
Facebook Forum