ВАШИНГТОН —
Полицијата и демонстрантите во Барселона, Шпанија, вчераноќта се судрија по вторпат, за време на протестите против пресудите за десетици лидери на каталонските сепаратисти.
Демонстрантите ја пееја химната на Каталонија, и скандираа дека улиците секогаш ќе бидат нивни, нарекувајќи ја Шпанската полиција окупаторска сила, повикувајќи ја да си замине од Каталонија.
Девет каталонски лидери добија затворски казни поради нивниот бунт и улога за неуспешно прогласување на независност на Каталонија во 2017 година, додека тројца други се прогласени за виновни за непуслушност, без да добијат затворски казни.
Facebook Forum