Линкови за пристапност

Драгон на пат кон Земјата


Првото приватно вселенско летало се враќа по доставата на намирници до Меѓународната вселенска станица

Вселенскиот карго-брод во приватна сопственост е на пат за Земјата по успешниот демонстративен лет до Меѓународната вселенска станица.

Екипажот на Меѓународната вселенска станица, со помош на роботската рака ја откачи капсулата Драгон во орбитата и таа е на пат кон Земјата.

Со цел да биде избегнат било каков инцидент, капсулата без екипаж во неа, ќе влезе во земјината атмосфера и ќе се урне во Тихиот океан недалеку од брегот на сојузната држава Калифорнија.

Драгон замина од Меѓународната вселенска станица помалку од една недела откако стана прво приватно вселенско летало кое достави намирници до станицата.
XS
SM
MD
LG