Линкови за пристапност

Капсулата „Кру Драгон“ на „Спејс Икс“ успешно се спушти на земјата


Капсулата „Кру Драгон“ ja заврши мисијата на меѓународната вселенска станица

Капсулата „Кру Драгон“ на компанијата „Спејс Икс“се спушти во Атлантскиот Океан, успешно завршувајќи ја шестдневната мисија на Меѓународната вселенска станица во чии рамки се тестираше колку леталото е соодветно да пренесува човечки екипаж.

Капсулата се одвои од станицата денеска рано наутро, а неколку часа подоцна влезе во атмосферата.

Авионска видео снимка го покажува масивното отворање на подобраните на капсулата „Кру Драгон“, кои овозможија нејзино безбедно спуштање на југоисточниот брег на САД.

Во капсулата немаше луѓе, туку само тест кукла наречена Рипли, исполнета со сензори со цел да се следи како луѓето би се чувствувале во текот на летот.

Летот е значаен по тоа што „Кру Драгон“ е првото американско комерцијално изградено и управувано вселенско летало дизајнирано да носи екипаж.

НАСА им додели милиони долари на Спејс Икс и Боинг за да дизајнираат и управуваат со капсула од која ќе се лансираат астронаути во орбитата од американско тло.

Компанијата Спејс Икс е на Илон Маск, кој исто така е извршен директор на производителот на електрични автомобили Тесла.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG