Линкови за пристапност

„Спејс икс“ однесе сателити за интернет во вселената


Ракетата „Спејс икс“ однесе 60 сателити во орбитата кои ќе се користат за обезбедување на интернет услуги во вселената.

Ракетата беше лансирана од Кејп Канаверал, сојузната држава Флорида. Лансирањето првично беше закажано за минатата недела, но беше одложено поради ветровите и потребата за ажурирање на софтверот.

Интернет услугата „Старлинк“ ќе стапи во употреба откако стотици други сателити ќе бидат испратени во орбита и ќе бидат активирани.

„Спејс икс“ е приватна ракетна компанија на извршниот директор на Тесла, милијардерот Елон Маск.

Маск вели дека лансирањето е „клучен отскок на патот кон создавање на самоодржлив град на Марс и база на Месечината“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG