Линкови за пристапност

Може ли да се прилагодиме на живот во вселената?


Научниците откриле многу промени во човечкото тело и ум по продолжен престој во вселената и се обидуваат да откријат дали тие промени ќе продолжат или ќе се изгубат.

Луѓето имаат вроден нагон да го истражуваат непознатото, и како што вселенските ентузијасти сакаат да кажат „вселената е крајната граница“. Но научниците предупредуваат дека подолго време минато во истражување на вселената нема да биде лесно, зашто ние не сме создадени за подолг престој во тој туѓ свет.

Според извештај објавен во Њујорк Тајмс, научниците кои ги подготвуваат астронаутите за мисии на Месечината, на астероид или Марс, сакаат да обезбедат екипажите да се вратат дома здрави. Но многу прашања се` уште чекаат на одговори.

Пред се`, ние сме се развиле на планета чија површина е повеќе од 70 проценти вода, и нашите тела се сочинети од близу истиот процент на вода. Без гравитација таа вода лебди нагоре, кревајќи го притисокот во нашиот череп, додека нозете атрофираат.

Тоа може да е причината што пред пет години научниците меѓу астонаутите кои минале подолго време на Меѓународната вселенска станица, пријавиле постепена промена на видот. Истражувањата кои уследиле кај некои од нив откриле очното јаболко им станало сплескано. Фактот што овој феномен повеќе го погодува десното око отколку левото и мажите повеќе од жените го прави проблемот уште позастрашувачки.

Губење на коскеното ткиво било едно од првите работи пријавени од астронаутите по враќање на Земјата по подолг престој во вселената, така што научниците дизајнирале машини за вежбање што им помогналoe да ги зачуваат нивните коски речиси во иста состојба како кога заминале.

Има и други прашања, како проблеми со јадењето и спиењето, но радијацијата останува најголемо прашање од сите. Дома сите ние сме заштитени од атмосферата на Земјата и нејзиното магнетно поле, што не постојат во вселената.

НАСА не дозволува ризикот од рак за нивните астронаути да биде кренат повеќе од три проценти во текот на нивниот живот. Но во Националната лабораторија Брукхејван на Лонг Ајленд, научниците кои ги проучувале ефектите на космичките зраци на глувци велат дека тие исто така откриле можно оштетување на мозокот.

Друг проблем е неможноста за конверзација во реално време со контролата на мисијата за време на долги летови, како до Марс, зашто се потребни минути пред добивање одговор.

Во меѓувреме, затворени во нивните вселенски летала со месеци, астронаутите мора да функционираат како прилагоден, кохезивен тим што може да развие некои перонални проблеми.

Американската вселенска агенција НАСА планира да испрати луѓе на Марс во третата деценија на овој век. Мисијата ќе трае околу 2,5 години – речиси шест пати подолго од најдолгиот престој во вселената досега. Делумно заради потребата за повеќе медицинско истражување за ефектите на подолг престој во вселената НАСА го продолжи животот на Меѓународната вселенска станица до 2024.

Почнувајќи од 2015 еден американски астронаут и еден руски космонаут е планирано да останат на станицата цела година. Еден од нив, Русинот Валери Полјаков, веќе останал подолго од година на руската вселенска станица Мир во 1994 и 1995.

Со денешните почувствителни инструменти и методи, научниците сакаат да дознаат дали сите промени во човечкото тело и ум, заради продолжениот престој во нула гравитација, ќе продолжат или ќе се изгубат по неколку месеци.
XS
SM
MD
LG