Линкови за пристапност

Уште една успешна мисија на „Спејс икс“


Уште една успешна мисија на „Спејс икс“
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:35 0:00

До Меѓународната вселенска станица бил доставен истражувачки материјал, намирници и опрема

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека три дена по лансирањето од Кејп Канаверал во Флорида, карго товарот носен од ракетата „Драгон“ на „Спејс икс“ успешно се споил со Меѓународната вселенска станица.

Во мисијата за доставување на намирници спроведена од страна на приватната компанија „Спејс икс“ биле доставени околу 2.7 метрички тони истражувачки материјал, намирници и опрема за орбитирачката лабораторија.

Во товарот се вклучени и неколку научни експерименти, помеѓу нив и програма за изучување на можноста за користење на вештачката интелигенција за време на мисиите во вселената.

Друг експеримент вклучува користење на алги, кои го апсорбираат јаглеродниот диоксид и обезбедуваат храна.

Ова е 15-та мисија на „Спеј икс“ за снабдување на Меѓународната вселенска станица.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG